Thursday, December 8, 2011

ВИДОВИ МЕТАФОРА (ИМЕНСКА, ПРИДАВСКА И ГЛАГОЛСКА)






БЕЗ ЈАЗИК СИ НИКОЈ И НИШТО

Родниот јазик  е бисерен ѓердан
од зборови - плодови сочни,
мислите тие ти ги редат
во слики јасни и точни.

Тој е вруток непресушен, вечен,
низ бистри капки - зборови тече.
Жубори, клокоти, yвони, се лее
ко јасна yвезда секој збор грее

Тој ни е завет од дедовците
како тланикот на огништето.
Чувај го како црнка во очите -
без јазик си никој и ништо.


Пример за именска метафора:

„Тој (јазикот) е вруток...“
(јазикот се заменува со вруток)
„Тој (јазикот) ни е завет...“
„од зборови- плодови сочни...“

др. примери:
 „животот е тркало
„сонот е огледало

Примери за придавска метафора:

пијаниот воздух“ („Наместо тажаленка“, П.М. Андреевски)
белокрила желба насоколена
зрело пладне“
накотен страв“

Примери за глаголска метафора:

умира времето“
„ноќта ме поткрадува
„ноќта лази
„звукот му го читам
„езерото клика и плаче
„смеата ми ја урочи


НАСТАВНО ЛИВЧЕ

Пронајди ги метафорите во песнава, и подреди ги според нивниот вид во табелата:

КАПИНА

Капино капко божја
Црвено - црна мистеријо на земјата
Штитеница на летото
Со трње што те обградило
Плод си на зрелата раскош
И дар за сите без тебе што не можат
Ни го разблажуваш денот
Што подгорел и сув се спурил
Под сачот на средлетните горештини
Кај што те нема - невидена јаловина
Кај што те нема - восхит на постоење
Дрочиш набрекнато погуста и од сончевата крв
Дрочиш низ иљади окца како рубинова гордост
И по оној што те одминува
Се ѕвериш со крвјосаниот поглед
На умирачкото лето
Нека се гребне тој што ќе те грабне
Нека го здоболи тој што не умее да моли
Нека да пати тој што не ќе смогне да ја сфати
Недопирливата тајна на твојата
Недостапна убавина
Ти греблива горделивко на летната штедрост
Векувај си како трајно предупредување
До сите понеупатени посегачи кон убавината
Дека  до сладоста и до ѕвездите
Сал преку трњето се стигнува.

Гане ТОДОРОВСКИ
помалку познати зборчиња:
јаловина – неплодна земја
штедрост - издашност
сач - плиток кован сад за печење леб, вршник

ВИДОВИ МЕТАФОРА
именска метафора
придавска метафора
глаголска метафора






















No comments:

Post a Comment