Thursday, December 8, 2011

ВИДОВИ МЕТАФОРА (ИМЕНСКА, ПРИДАВСКА И ГЛАГОЛСКА)






БЕЗ ЈАЗИК СИ НИКОЈ И НИШТО

Родниот јазик  е бисерен ѓердан
од зборови - плодови сочни,
мислите тие ти ги редат
во слики јасни и точни.

Тој е вруток непресушен, вечен,
низ бистри капки - зборови тече.
Жубори, клокоти, yвони, се лее
ко јасна yвезда секој збор грее

Тој ни е завет од дедовците
како тланикот на огништето.
Чувај го како црнка во очите -
без јазик си никој и ништо.


Пример за именска метафора:

„Тој (јазикот) е вруток...“
(јазикот се заменува со вруток)
„Тој (јазикот) ни е завет...“
„од зборови- плодови сочни...“

др. примери:
 „животот е тркало
„сонот е огледало

Примери за придавска метафора:

пијаниот воздух“ („Наместо тажаленка“, П.М. Андреевски)
белокрила желба насоколена
зрело пладне“
накотен страв“

Примери за глаголска метафора:

умира времето“
„ноќта ме поткрадува
„ноќта лази
„звукот му го читам
„езерото клика и плаче
„смеата ми ја урочи


НАСТАВНО ЛИВЧЕ

Пронајди ги метафорите во песнава, и подреди ги според нивниот вид во табелата:

КАПИНА

Капино капко божја
Црвено - црна мистеријо на земјата
Штитеница на летото
Со трње што те обградило
Плод си на зрелата раскош
И дар за сите без тебе што не можат
Ни го разблажуваш денот
Што подгорел и сув се спурил
Под сачот на средлетните горештини
Кај што те нема - невидена јаловина
Кај што те нема - восхит на постоење
Дрочиш набрекнато погуста и од сончевата крв
Дрочиш низ иљади окца како рубинова гордост
И по оној што те одминува
Се ѕвериш со крвјосаниот поглед
На умирачкото лето
Нека се гребне тој што ќе те грабне
Нека го здоболи тој што не умее да моли
Нека да пати тој што не ќе смогне да ја сфати
Недопирливата тајна на твојата
Недостапна убавина
Ти греблива горделивко на летната штедрост
Векувај си како трајно предупредување
До сите понеупатени посегачи кон убавината
Дека  до сладоста и до ѕвездите
Сал преку трњето се стигнува.

Гане ТОДОРОВСКИ
помалку познати зборчиња:
јаловина – неплодна земја
штедрост - издашност
сач - плиток кован сад за печење леб, вршник

ВИДОВИ МЕТАФОРА
именска метафора
придавска метафора
глаголска метафора






















Monday, December 5, 2011

ПРВА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (за учениците од шесто одделение)

OОУ „ГЕРАС ЦУНЕВ“- ПРОСЕНИКОВО, СТРУМИЦА


ПРВА ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
(за учениците од шесто одделение)



            Сигурно некогаш си се почувствувал несреќно. Што е несреќата? Што те прави несреќен/а? Како ја препознаваш? Ти си сега во периодот од животот кој се вика детство.  Дали си среќен/а? Што го прави твоето детство среќно? Замисли да си на местото на ликот Оливер Твист, во истоимениот роман на Чарлс Дикенс.
Одговори си на прашањето што о прави твоето детство среќно. Наслов нека биде „Нема среќно детство без грижа и љубов“.
            Настојувај да го убедиш читателот во правилноста на твоето мислење. Кажи што мислиш и што чувствуваш за темата. Пишувај во тетратката за писмена работа, а составот да не биде помал од една страниа.



ШТО ЌЕ СЕ ОЦЕНУВА?

-         Примена на стекнати знаења за пишување текст и стилски фигури (компарација, метафора)
-         Стилот на составот (сликовит, емоционален, музикален: поткрепен со лични сознанија и лирски мисли)
-         Организацја на идеите и структурата
-         Содржината на напишаното
-         Изгледот (ракопис, правопис)
-         Разновидноста и соодветноста на јазикот што се користи (избор на зборови)
-         Свесноста за читачката публика (убедливост)
-         Течност на реченицата
-         Интересност – што би можело да биде интересно за публиката



Наставник по македонски јазик,
Трајче Бјадов

Saturday, December 3, 2011

СИМБОЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ЗНАМЕ, ГРБ И ХИМНА

Карта на Република Македонија

Знаме на Република Македонија


Грб на Република Македонија


Химна на Република Македонија

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ – ОЖВ

ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ –
 РАБОТИЛНИЦАТА III- 8.1: Во согласност со уставот или не
Фази на
Работилницата
и  време
Наставник
Ученик


Воведна
Активност
(Игра на загревање)



Наставникот вели дека сега заеднички ќе состават приказна за Македонија. Таа приказна треба да содржи информации за Македонија во однос на големината, начинот на уредување, етничкиот состав, културните обележја, спортските постигања, природните убавини и слично. Прва започнува наставничката и кажува една реченица.
Во меѓувреме наставничката ја запишува заедничката приказна и таа може да се употреби во некоја друга прилика.
Сите ученици седат во круг.
Ученикот што седи до неа продолжува кажувајќи нова реченица и приказната продолжува сè додека да дојде наставничката повторно на ред.



Главна
Активност










Наставникот ги поделува работните листови.
Се грижи за работната атмосфера.
Дава насоки за работа и помага во евентуалните нејаснотии
Учениците се делат во парови и секој пар добива по една ситуација од работниот лист за ученици „Во согласност со
уставот или не?” за која треба да процени дали е  во согласност со уставот или не е. Истовремено, добиваат и по еден
примерок од работниот лист за учениците „Членови во уставот” кој треба да им послужи за определување на уставноста
на постапката. Потоа по еден од паровите што имале иста ситуација го презентира и го објаснува ставот на парот, а
останатите што ја имале таа ситуација дополнуваат. Постапката се повторува за сите ситуации.
Завршна
Активност










1. Кои се обележјата на нашата земја?
2. Ако треба нашата земја официјално да се претстави пред други, тогаш преку кои симболи накратко би ја претставиле?
3. Како изгледа знамето на Македонија?
4. А како изгледа грбот?
5. Која е химната на Македонија?
6.Што означува зборот УСТАВ?
7. Дали знаете какво уредување има нашата земја?
8. Дали луѓето во Македонија се рамноправни? Зошто е
важно сите луѓе да се рамноправни меѓу себе?
Заклучок
Симболи преку кои накратко може да се претстави една земја се нејзините: знаме, грб и химна. Важно обележје на
една земја е начинот на нејзиното политичко уредување, што се определува со Уставот на земјата (Македонија е република). Уставот претставува највисокиот закон на една
држава – закон над законите. Со Уставот на Македонија се загарантирани правата на сите луѓе во државата, без оглед
на нивниот пол, возраст, верска и национална припадност и други разлики. Со Уставот е определено дека сите се
еднакви и имаат еднакви права. Сите закони во државата
мора да се усогласени со уставот.
Рефлексија







1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?


ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ –
РАБОТИЛНИЦАТА  III- 11.1: Приказната на другиот
Фази на
Работилницата
и  време
Наставник
Ученик


Воведна
Активност
(Игра на загревање)



Наставникот ги поделува работните листови.
Се грижи за работната атмосфера.
Дава насоки за работа и помага во евентуалните нејаснотии
Децата се делат во парови и седат свртени со грб еден кон друг. Едното дете во парот има цртеж пред себе од работниот прибор за ученици „Геометриски форми”,  на пример, камион. На својот партнер треба да му објасни што да црта, но без да му го кажува името на предметот. Значи, треба да му ги објасни деловите од цртежот и нивната просторна распределеност (на пр.: нацртај два круга поврзани со линија, над нив нацртај еден квадар, напред нека има две други крукчиња итн. Оној што слуша може да поставува прашања, но не смее да праша за кој предмет се работи. Кога сите ќе го нацртаат тоа што им го кажувал нивниот партнер се вртат и ја гледаат оригиналната слика. Потоа се прави изложба на оригиналите и на цртежите добиени со објаснување



Главна
Активност








Наставникот најавува дека сите заеднички ќе се потсетуваат на старите добри приказни
од нивното детство. Потоа бара еден од учениците накратко да ја раскаже приказната за Црвенкапа. По раскажувањето, ученикот добива аплауз од целата група. Од работниот лист за наставникот „Волкот и Црвенкапа”, наставникот ја чита приказната за Црвенкапа раскажана од страна на волкот.
Наставникот бара еден од учениците накратко да ја раскаже приказната за трите прасиња што си изградиле куќи
и волкот им ги рушел во обид да ги фати и да ги изеде. (Доколку во раскажувањето не излезе најсвирепата верзија
во која волкот ги јаде прасињата откако ќе им ги сруши куќите, наставникот ја нагласува и неа.) Наставникот ја чита „вистинската” приказна, според тоа како би ја раскажал волкот
Учениците седат во круг.
Еден од учениците накратко ја раскажува приказната за Црвенкапа.

Еден од учениците накратко да ја раскаже приказната за трите прасиња што си изградиле куќи
и волкот им ги рушел во обид да ги фати и да ги изеде.
По раскажувањето, ученикот добива аплауз од целата група. Од работниот лист за наставникот „Волкот и трите прасиња”,
Завршна
Активност










Дали се смени вашето мислење за волкот откако ја слушнавте оваа приказна? Зошто?
2. Дали е волкот во право? Има ли аргументи да му веруваме? Дали е неговата верзија помалку веројатна од класичните приказни?
3. Каде е вистината: во една од верзиите или во нова, обединета верзија?
4. Можете ли да се потсетите на ситуација кога за нешто сте мислеле на еден начин, а потоа сте го смениле мислењето кога сте ја слушнале верзијата на некој друг (или на другата страна)?
5. Како е со медиумите (телевизија, радио, весници, електронски медиуми)? Дали и во медиумите секогаш се даваат сите страни на еден настан?
6. Што треба да се направи за да се стекне поцелосна слика за тоа што навистина се случило?
Заклучок
За да изградиме правилно и реално гледање на работите и настаните, потребно е да имаме што е можно повеќе и попрецизни информации за нив. Многу е важно да се знае
дека секое мислење, изградено врз основа на еднострано гледање на нештата, е пристрасно и претставува само дел од реалноста (онака како што изгледа во очите на известувачот).За да изведеме правилен заклучок за некого или за нешто, неопходно е да ја погледнеме ситуацијата и низ „очите” на другата страна. Ако сакаме целосно и сестрано да
се информираме за некој настан мора да побараме и да прочитаме и да слушнеме различни верзии на настанот, односно информации од повеќе различни лица.
Рефлексија







1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?























ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ –
РАБОТИЛНИЦАТА III- 6.1: Прифатливо и неприфатливо однесување
Фази на
Работилницата
и  време
Наставник
Ученик


Воведна
Активност
(Игра на загревање)



Се грижи за работната атмосфера.
Дава насоки за работа и помага во евентуалните нејаснотии
Сите ученици стојат во круг и секој треба да одбере една од следниве три фигури и на даден знак секој треба да ја изведе фигурата што ја одбрал. » Вонземјанин – показалците од двете раце се ставаат на глава како антени и мрда со главата лево-десно
викајќи „биип – биип”.
» Крава – показалецот и средниот прст се ставаат на глава како рогови, се прави еден чекор напред кон кругот и се вика „муууууу”.
» Тигар – се испружуваат двете раце нанапред и со нив се мрда како со шепи за напад и се извикува „грррр – вооу”.
Целта е сите да направат иста фигура, без да се договараат меѓу себе. Играта се повторува онолку пати колку што е
потребно сите да ја направат истата фигура  – да се однесуваат на ист начин.



Главна
Активност








Откако ќе завршат
наставникот ги прашува што означиле и зошто за секое поединично однесување и доколку има потреба го коригира
погрешниот одговор.
Наставникот на таблата има нацртано голема табела на која ги означува одговорите за кои сите се согласиле.
Децата се делат во парови и секој пар добива по еден примерок од работниот лист за ученици „Вродено – научено”,
проследено со објаснувањето дека  постојат некои постапки на однесување што се присутни кај човекот уште од неговото раѓање. Но, повеќето постапки на однесување, луѓето ги научуваат во текот на животот.
На листот што го имаат пред себе се наведени повеќе различни постапки што се дел од однесувањето на некои луѓе
или на сите луѓе. Парот треба да ги прочита, да одлучи и да означи со знакче „Х” за тоа кои од тие постапки се вродени
(присутни кај луѓето од нивното раѓање), а кои се научуваат во текот на животот. За секое наведено однесување се
става знакче „Х” во колоната насловена како „ВРОДЕНО” или во колоната наловена како „НАУЧЕНО”.
Секој пар кажува по едно тврдење.
Секој ученик добива по еден примерок од работниот лист „Соодветно – несоодветно” и треба да го пополни на тој начин што треба со знакче „Х” да означи за секое однесување посебно дали е соодветно, несоодветно или и соодветно и несоодветно – односно зависи од ситуацијата.Откако ќе завршат сите, се делат во групи по четворица и меѓу себе треба да продискутираат за она што го означиле, да се усогласат и заедничкото мислење да го означат на нов работен лист.Потоа по еден доброволец од секоја група презентира што одлучила неговата група, а наставникот бара објаснување и доколку некоја друга група има означено поинаку – бара објаснување и од нив.

Завршна
Активност










Дискусија 1
1. Како се однесувавте во оваа игра? Како на почетокот, а како на крајот?
2. Честопати ги слушате родителите и наставниците како зборуваат
за вашето поведение или однесување. Што е однесување? (Што се подразбира под зборот „однесување”?)
3. Дали родителите и наставниците секогаш се задоволни од вашето
однесување? Зошто?
4. Дали вие самите сте секогаш задоволни од своето однесување?
5. Дали вам секогаш ви се допаѓа како вашите родители и наставници
се однесуваат?
6. Честопати децата или возрасните за себе велат дека не се виновни за своето однесување, туку дека едноставно се
такви по природа. Но, дали луѓето со раѓање се предодредени да се однесуваат на одреден начин?
Дискусија 2
1. Дали луѓето секогаш се однесуваат на ист начин?
2. Дали луѓето јадат на истиот начин дома и кога се во ресторан? Зошто?
3. Дали вие исто разговарате со другарите, со родителите и со наставниците? Зошто?
4. Дали секогаш едно исто однесување е соодветно за различни ситуации
Дискусија3
1. Од што зависи дали некое однесување ќе биде соодветно или несоодветно?
2. Ајде да наведеме некои однесувања за време на часот што се соодветни. Зошто се тие соодветни?
3. Ајде да наведеме некои однесувања за време на часот
што се несоодветни. Зошто се тие несоодветни?
Заклучок
Како луѓето ќе се однесуваат зависи од тоа со кого се
и каде се наоѓаат. Она што е соодветно однесување во
една ситуација, може да биде несоодветно  однесување
во друга. Несоодветно е секое однесување што им
пречи на другите и може да предизвика конфликт.
Рефлексија







1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?



























ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ –
РАБОТИЛНИЦАТА III- 12.1: Институции за заштита
Фази на
Работилницата
и  време
Наставник
Ученик


Воведна
Активност
(Игра на загревање)



Се грижи за работната атмосфера.
Дава насоки за работа и помага во евентуалните нејаснотии
Учениците се делата во парови и  веднаш потоа два по два пара треба да формираат четворки. Секоја група добива по еден примерок од работниот лист за учениците „Поле за играње” и молив. Потоа секој пар се договара каде ќе ги напише следниве зборови, без да види другиот пар.
» РОДИТЕЛ
» НАСТАВНИК
» ПСИХОЛОГ
» ПОЛИЦИЈА
Потоа треба да ги погодат зборовите, односно нивната положба на листот на противничкиот пар. Паровите, настапуваат наизменично и кажуваат буква и бројка која го дефинира полето што сакаат да биде откриено. На пример првиот пар може да каже: „Отвори 4 В”, и противничкиот пар треба да каже дали на тоа поле има буква или е празно. Ако е празно, двата пара го означуваат на ливчето со Х и сега на ред е да погодува вториот пар. А доколку на полето има буква тогаш, првиот пар продолжува со погодување сè додека не налета на празно поле, по што продолжува следниот пар. Играта завршува кога еден од паровите ќе ги открие сите зборови. (Играта е варијанта на популарната игра Подморница.)



Главна
Активност








Наставникот бара деца – „доброволци” кои ги дели во три групи. Секоја група добива по една од ситуациите претставени во работниот лист за учениците која треба да ја прочитаат и да се договорат како ќе ја одглумат. Работниот лист за наставникот „Реакција на децата” може да послужи како насока за коментирање на ситиуациите.
По десетина минути подготовка, секоја група со глумење ја претставува ситуацијата, а потоа се анализираат, се утврдува повредата и се сугерира реакцијата на децата.
Завршна
Активност










1. Што мислите за овие ситуации?
2. Дали се случуваат вакви работи во животот?
3. Дали вие сте доживеале нешто слично?  
4. Дали мислите дека е правилно децата да бидат казнувани со тепање?
5. Кога вие ќе имате дете, како ќе се однесувате кон него?
6. Како можеме ние да си помогнеме ме|у себе кога ќе станеме жртви на вакво однесување на возрасните?
7. Од кого можеме да побараме помош
Заклучок
Детето не смее да биде малтретирано од никого на каков било начин. Малтретирањето и нечовечното постапување или понижувачко однесување не можат да бидат оправдани
со нивното лошо поведение, грешка што ја направиле или однос постар–помлад, родител–дете, наставник–ученик. Никој не треба да поднесува сопствено или малтретирање на други. Во случај на малтретирање, детето треба да се обрати на родител, наставник, класен раководител, педагогот, психологот во
училиштето, СОС-телефон за заштита на деца – жртви на насилство, социјален работник во центарот за социјална заштита или, при драстични случаи на големо насилство, да
се пријави во полиција.
Рефлексија







1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?